КИЧЕВО 2008
Шампионат на Македонија во мотоциклизам на кружни патеки 05-06.07.2008
Посебен Правилник
1. ПРОГРАМА НА НАТПРЕВАР
МК „Мото Охрид``oрганизатор на мотоциклистичкиот натпревар на кружни патеки кој ќе се одржи на о5,06. јули 2008 на патеката во Кичево.
Овој Посебен правилник е одобрен од страна на стручната комисија на МФМ.
1.3 Заклучување на пријави: 04.07.2008
Објавување на листа на пријавени: 04.07.2008
САБОТА, 05.07.2008
09:00 – 10:30 Верификација и Технички преглед
11:.00 I-ва седница на жири комисија
11:30 Тренинг – прв дел
12:00 Тренинг – втор дел
13:00 II-ра седница на жири комисија
НЕДЕЛА, 06.07.2008
11:00 Протоколорано отворање на натпреварот. Задолжително е присуство на сите натпреварувачи со полна опрема.
11:30 Старт на натпреварот
30 минути по завршување на натпреварот – III-та седница на жири комисија
Прогласувањето на победници ќе се одржи веднаш по завршување на натпреварот
2. ОРГАНИЗАЦИЈА
Организациски одбор
Претседателство на организациски одбор
Претседател: Дејан Сиљановски
Секретар: Игор Барјактаровиќ
Член: Васил Николовски
Член: Кире Андреевски
Член: Деан Блажевски
2.2 Адреса на секретаријатот на натпреварот
До 04.07.2008 МК „Мото Охрид“
Ул. „Стрезово“ бр. 5, 1000 Скопје
Од 05.07..2008 Патека Кичево – Кичево
2.3 Раководство на натпревар
Делегат: Кире Андреевски
Директор на натпревар: Зоран Наумовски
Главен судија: Деан Блажевски
Секретар на натпревар: Игор Барјактаровиќ
Жири на натпревар: Људмил Цветановски
Васил Николовски
Александар Димушевски
Технички делегат: Деан Блажевски
Верификација: Велибор Каевски
Лекар:
Техничка комисија: Мирче Грнчаровски
Николче Николов
Мирослав Даскалов
Мерење на време:
Здравствена служба: АРМ, Медицински центар – Кичево
Безбедносно возило:
2.4 Поставување огласна табла
Сите комуникации одлуки и резултати ќе бидат поставени на огласна табла, која ќе биде лоцирана на паркингот.
3. ОПШТИ ОДРЕДБИ
3.1 Натпреварот е организиран во склоп со одредбите на меѓународниот спортски правилник на ФИМ, спортскиот правилник на МФМ, како и посебниот правилник за натпревари на кружни патеки и посебниот правилник на организаторот со кои се опфатени одредени исклучоци во однос споменатите правилници.
3.2 Со пријавата за натпреварот возачот се обврзува да ги почитува сите горе наведени прописи и одлуки на раководството на натпреварот и судиите кои не се предвидени во општиот правилник на МФМ и ФИМ.
3.3 На сите натпреварувачи или здруженија,кои организираат или го попречуваат натпреварот и ги прекршуваат правилата и прописите ќе се превземат санкции од страна на жирито.
3.4 Трката се бодува за Првенството на Македонија на кружни патеки во мотоциклизам.
4. ПАТЕКА
4.1 Натпреварот се организира на патеката лоцирана на војниот полигон за обука во Кичево.
Должина: 2050 метри
Ширина: 10 метри
Број кривини: леви 6, десни 2
5. КЛАСИ
5.1 Дозволено е учество на сите мотоцикли кои ги исполнуваат прописите распишани од страна на МФМ.
КЛАСА 1 до 600 cm SUPER SPORT
КЛАСА 2 до 1000 cm SUPER BIKE
6. ОПРЕМА
Опремата на натпреварувачите и мотоциклите мора да биде во согласност со правилникот на МФМ.
Секој натпреварувач кој нема да ги исполни условите, нема да биде примен на натпревар.
Употребата на гориво е слободна.
7. УСЛОВ ЗА НАТПРЕВАРУВАЧИТЕ И ВОЗАЧИТЕ
Секое физичко или правно лице, кое поседува важечка натпреварувачка лиценца за 2008 год.ги исполнува условите за учество на натпреварот.
Натпреварувачите мора да поседуваат возачка дозвола и натпреварувачка лиценца за тековната година.
Натпреварувачи од странство мораат да имаат писмено одобрение за учество од страна на нивниот АСН кој ја издал лиценцата.
8. ПРИЈАВА
8.1 Целосно потполнета пријава треба да се пратат на адреса:
МК „Мото Охрид“
Ул. „Стрезово“ бр. 5
1000 Скопје
Затворање на пријавите е на 04.07.2008 година во 24:00 часот.
8.2 Бројот на учесници по класа не е лимитиран.
8.3 По заклучување на пријавите не е можна промена на натпреварувач за пријавен мотоцикл.
8.4 Пријави за двоен старт ( 1 возач 2 мотоцикли во иста класа, или 1 мотоцикл 2 натпреварувачи) не е дозволен.
8.5. Одјави се примаат во писмена форма на верификација, со образложение за не учество,заверена и потпиешана од МК.
9. АЛКО И ДРОГА ТЕСТ
9.1 Алко тест, организаторот може да го спроведува по слободен избор во секој момент на траење на натпреварот.
9.2 Дрога тест, организаторот по слободен избор може да спроведе во секој момент од траење на натпреварот.
10. ОДГОВОРНОСТ
10.1 Секој учесник вози на своја лична одговорност.
Организаторот се оградува од секаква одговорност за посебни штети или повреди на натпреварувачот и трети лица.
Секој натпреварувач е одговорен за својата безбедност. Секој натпреварувач мора да е осигуран најмалку за случај на инвалидност со премија од 100.000,00 ден. или смрт со премија од 50.000,00 ден.
10.2 Во согласност со прописите организаторот мора да има осигурување;
- осигурување против трети лица
- осигурување на сите службени лица
10.3 Осигурувањето (на публика и службени лица) на организаторот важи за цело времетраење на натпреварот, т.е. на тренинзите, натпреварот и за време на движењето од бокс до патека и назад.
11. СТАРТНИ БРОЕВИ
11.1 Секој натпреварувач кој нема стартен број е должен сам да го обезбеди во димензии и боја по правилникот на МФМ. Мотоциклите со непрописни броеви нема да стартуваат на натпреварот.
11.2 По завршување на натпреварот, пред напуштање на Park Ferme или боксот, стартните броеви на мотоциклот кое вози во јавен сообраќај треба да бидат отстранети или покриени.
12. ЗНАМИЊА- СИГНАЛИ,ИЗЛЕГУВАЊЕ НА ПАТЕКА
12.1 За време на тренинзите и натпреварот се употребуваат следните сигнали:
- Црвено знаме - моментално сопирање, прекин на трката
- Жолто знаме - апсолутна опасност,забрането претекнување
- Бело знаме - спор мотоцикл на патеката
- Сино знаме - претекнување за цел круг
- Жолто со црвени лини - лизгава површина
- Табла со ознака СЦ - сигурносно возило ( Safety car )на патеката
- Црно со портокалов круг и број - механичki дефект на мотоциклот
- Црно бело знаме - крај на трката
• Знаме во мирување - известување за опасност
• Знаме со движење - непосредна опасност,спремен за сопирање
12.2 Строго е забрането да се вози споро по патеката или во спротивна насока од насоката на натпреварот.
12.3 Доколку натпреварувачот мора да го прекине возењето поради механички дефект, мора својот мотоцикл да го помести од патеката и напушти при што ќе ги почитува упаствата на судиите и редарите.
13. ВЕРИФИКАЦИЈА
13.1 Верификација на документите на 05.07.2008 - местото ќе биде означено.
13.2 Натпреварувачите на верификација мора да се јават лично
13.3 На верификација треба да се достават следните документи:
- натпреварувачка лиценца на возачот
- возачка дозвола
- лекарско уверение
- полиса за осигурување
- странски натпреварувач мора да достави писмена дозвола за учество од матично АСН.
14. ТЕХНИЧКИ ПРЕГЛЕД
14.1 Техничкиот преглед се одвива на обележано место на 05.07.2008 - местото ќе биде означено
14.2 Натпреварувачите се должни да го донесат својот мотоцикл на технички преглед, за да се изврши индентификација на мотоциклот и преглед на опремата.
14.3 На барање на техничката комисија треба да се приложи и хомологација за возилото за да се изврши полесно техничкиот преглед.
14.4 Учесниците кои ќе доцнат на технички преглед ќе бидат казнети или исклучени од натпреварот со одлука на жирито. Жирито ќе дозволи изведување на технички преглед само ако натпреварувачот докаже дека доцнењето настанало од причина на виша сила.
14.5 Извршениот технички преглед е потврда, дека натпреварувачот – мотоциклот ги исполнува предвидените прописи за сигурност.
14.6 По завршениот технички преглед од страна на организаторот се објавува и истакнува стартна листа на учесници, кои ќе настапат на тренингот.
15. СИГУРНОСНО ВОЗИЛО
15.1 На натпреварот се користи сигурносно возило (Safety car) во согласност со правилата за кружни натпревари
16. СТАРТ, ЦЕЛ,МЕРЕЊЕ ВРЕМЕ
16.1 Стартот е од место со запален мотор, а се стартува по гасење на црвените светло на семафорот.
16.2 Целта е летечка. Натпреварот е завршен кога финишерот ќе даде знак со знаме (црно -бела шаховница). Непосредно потоа возачот мора да ја намали брзината и по извозениот почесен круг се упати во затворениот паркинг.
16.3 Мерењето на време го врши овластена хроно екипа со помош на транспордери.
17. ТРЕНИНГ
17.1 Строго е забрането тренирање со мотоциклот надвор од сатницата предвидена за тренинг.
17.2 Тренинзите ќе се одвиваат по сатница која е наведена во поглавјето 1 од овој Правилник.
17.3 На тренинзите ќе настапуваат само мотоцикли кои поминале на верификација и технички преглед.
17.4 За посебни приговори одлучува жирито.
18. НАТПРЕВАР
18.1 Натпреварот почнува во согласност со сатницата од поглавје 1.
18.2 Број на кругови на натпреварот – 15
19. ПОМОШ
19.1 По неодобрена помош на патеката може да уследи исклучување
19.2 Мотоцикли останати оштетени на патеката ќе се отстранат по налог на директорот на трката.
20. ЗАТВОРЕН ПАРКИНГ – PARK FERME
20.1 На крајот од натпреварот важат правилата за park ferme од целната линија до влезот во park ferme.
20.2 По завршување на натпреварот мораат сите пласирани мотоцикли да останат во park ferme, додека директорот на трката со одобрение на жирито не го распушти. park ferme. Park ferme нема да биде распуштено најмалку до истекување времето за протести.
20.3 Park Ferme ќе биде во боксот.
21. КОНЕЧЕН ТЕХНИЧКИ ПРЕГЛЕД
21.1 Секој мотоцикл на крајот од натпреварот може да биде прегледан од страна на верификацијата и техничкиот делегат.
21.2 На барање на жирито по основ на протест на моторцикл, ќе биде прегледан, вклучувајќи и негово расклопување.
21.3 Посебните прегледи ќе се вршат во просториите определени од стана на МФМ.
22. ПРИГОВОРИ И ЖАЛБИ
22.1 Вложување приговор се врши во рок од 30 минути по завршување на натпреварот.
22.2 Рок за приговори на видливи делови е 30 мин. по завршување на техничкиот преглед.
22.3 Приговорот мора да биде во писмена форма, оверен и потпишан од овластено лице на МК, како и потпишан од страна на натпреварувачот што го вложува приговорот.
22.4 Приговори и паричен депозит се доставуваат до директорот на натпреварот. Депозитот го одредува техничкиот делегат по основ на вложен протест и ценовникот на техничката комисија.
22.4 Колективни приговори на комплетен мотоцикл, како и приговор на мерење на времето и на одлуките на судиите нема да се примаат.
22.6 Право на присуство на отварањето имаат натпреварувачот, вложувачот на приговор и негов претставник кој има писмено овластување од МК.
22.7 На одлуки на жирито можно е да се достави жалба во согласност со правилникот на МФМ.
23. НАГРАДИ И ПРИЗНАНИЈА
23.1 Пехари добиваат по класи првите три пласирани натпреварувачи.
23.2 За свеченото доделување на пехарите должност е на секој возач да биде лично присатен.
23.4 Свеченото доделување награди и пехари ќе се изврши по карајот на натпреварот, на посебно предвиден простор.
Овој Правилник е усвоен и одобрен на ден 12.05.2008 год. од страна на стручната комисија на МФМ, која има право на негово толкување.
Мотоциклистички Клуб „Мото Охрид“
Ул. „Стрезово“ бр.5, 1000 Скопје
Тел: 02 / 3083 060 Факс: 02 / 3083 061
inaku imalo vkupono 7 motori vo dvete klasi.a Neno masina na sabotnite treninzi i kvalifikacii padnal posle buckata i se zdobil so teski telesni povredi...a motorot mu se zapalil skros posto nemalo pp aparati i pozarana na stazata..
This post was last modified: 07-05-2008 09:28 PM by hobi1600.
inaku imalo vkupono 7 motori vo dvete klasi.a Neno masina na sabotnite treninzi i kvalifikacii padnal posle buckata i se zdobil so teski telesni povredi...a motorot mu se zapalil skros posto nemalo pp aparati i pozarana na stazata..
Znaci organizacija na nivo?Pa posle ne vi cinela AFM,i organizacijata na Kicevo2,posto nemalo WC,strasna rabota