Post Reply  Post Thread 
Pages (10): « First < Previous 2 3 4 5 [6] 7 8 9 10 Next > Last »
Sto se pisuva po vesnicite
Author Message
Katz
Administrator
*******


Posts: 8,466
Group: Administrators
Joined: Sep 2003
Status: Offline
Reputation: 34
Post: #51
 

Костовски стави вето за трките на Водно

Реакција од редакцијата на AUTO BILD Mакедонија по повод одлуката за забрана на одржување на трките на Водно

Што се случува со трките на Водно? Дали нашиот новоизбран градоначалник знае што прави? Со една дилетантска одлука ја прекина 30-годишната традиција. Неговиот совет составен од "стручни лица" преку ноќ пресече. Нема да има трки на Водно. Целта е заштита на парк-шумата, која е наменета за рекреација на скопјани. Портпаролката на градоначалникот Трифун Костовски, Маја Мухиќ изјави: "Барањето за одржување трка е во колизија со правната регулатива за заштита на парк-шумата Водно". Таа понатаму додава: "Градоначалникот размислува и натаму да го ограничи сообраќајот на Водно. Можно е негов следен потег да биде ограничување на движење на возила за време на викендите, но засега не е донесена таква одлука".
Па, дали овие луѓе се слушаат што зборуваат и што им продаваат на граѓаните. (Патем, за тие што не се расфрлаат со натурализирани зборови од англиското говорно подрачје - колизија доаѓа од англискиот збор "collision" и значи судирWink
И сега што може да се заклучи од една ваква изјава:
- Костовски, можеби, ќе го забрани сообраќајот на Водно.
- Костовски планира да го забрани сообраќајот на Водно.
- Костовски наведува дека одржувањето трки е во судир со правната регулатива за заштита на парк-шумата.
А Водно врие од возила. Значи, Трифун Костовски нема поим што прави. Се расфрла со претпоставки, кои тешко дека ќе се реализираат. Затоа што сообраќајот на Водно ниту бил запрен ниту, пак, некогаш ќе се запре. Предизборните ветувања за електричните автобуси се само мит. Уште еден начин за добивање гласови од граѓаните.
Да видиме сега што влијаеше на одлуката Трифун Костовски да ја забрани трката на Водно од еколошки причини.
АМСМ како организатор и тело без кое не може да се одржи ниту една трка на автомобили или мотоцикли во Македонија од тогашното Министерство за екологија нарача да се изработи елаборат во кој се наведени условите што еден организатор треба да ги исполни за да може да се одржи трка во "заштитената парк-шума" Водно. АМСМ и организаторите на трки се придржуваат кон начелата на елаборатот, чијашто содржина би требало да му е позната и на Костовски. Бидејќи без приложување на елаборатот не може да се добие дозвола. Граѓаните како резултат од елаборатот добија: садење садници од натпреварувачите пред почетокот на тркачкиот викенд. Поставување заштитни браници на патеката, кои му служат и на редовниот сообраќај, поправки на асфалтот, чистење на патеката околу патеката и на
парк - шумата пред и по завршувањето на трката.
И сега, кои се еколошките причини за да не се одржи трката на Водно.
Да ги видам развиканите екологисти и Градот Скопје да го сторат тоа барем еден ден во годината.
Зошто Трифун Костовски и неговите екологисти не го забранат качувањето на возилата на Водно за време на државните празници кога горе се прават скари, се расфрла ѓубре, па и се опожарува шумата? Зошто екологистите на Костовски не го забранат качувањето со автомобили на Водно во вечерните и ноќните часови кога парк-шумата врие од возила, чиишто сопственици скриени од полицијата уживаат во недозволени наркотични средства и алкохол? Па, сведоци сме дека само минатиот викенд полицијата поднесе десетици прекршочни и кривични пријави за лица фатени како ги управуваат возилата под дејство на алкохол и наркотици и поседуваат наркотични средства. Зошто Костовски не го забрани качувањето на Водно со возила и преку работните денови, освен за возилата што вршат достава? Дали Костовски знае дека во викендите кога се одржуваат трките со автомобили, Водно е најчисто?
Очигледно не, ниту, пак, е запознат со следниве факти: За време на одржувањето на трката на Водно има околу 10.000 посетители. Секој од нив до парк-шумата доаѓа со пешачење. Полицијата го затвора патот во 9 часот наутро и го пушта во 3 часот попладне. На патеката се движат ограничен број возила, кои, вклучувајќи го и бројот на возилата што се натпреваруваат, не ја преминува бројката од 60.
Нека се потруди градоначалникот Костовски да излезе на терен и да се качи на Водно во викенд, кога не се одржуваат трки (патем, тоа му е работаWink, нека изброи колку автомобили има на паркингот на Средно Водно и нека ги изброи автомобилите што се паркираат покрај патот. Потоа нека го спореди бројот на автомобили со бројот на пешаци, па тогаш да зборува за екологија и за начинот како да се заштити Водно.
И уште нешто. Како градоначалникот Костовски ќе му ја соопшти на светот одлуката за забрана за тркање на патеката на Водно каде што се одржува и трката што е влезена во календарот на FIA - Светската автомобилистичка федерација? Трката која треба да се одржи на 12 јуни се бодува за Интернационалниот шампионат на ридски патеки на FIA и се бодува за Купот на ЦЕЗ - Централноевропските земји. И како ќе се огради од името на трката Голема награда на град Скопје и каде ќе отидат средствата што се предвидени во Буџетот на Град Скопје за 2005 година за спонзорство на оваа трка? Или, пак, тогаш ќе биде она нашето пу-пу не важи. Штом се работи за светски настан се е дозволено, без оглед на тоа што важат истите критериуми и за домашните настани.
Само да го потсетиме Костовски дека трката на Водно ги доби најдобрите оцени од експертите на FIA за организација, пристапност, посетеност, еколошка подобност. Градот Скопје имаше можност да биде обележан на светската автомобилистичка карта. Но, сега сето ова паѓа во вода. Нека ни е на здравје.
Градоначалнику Костовски, разгледајте наоколу и потрудете се правилно да се информирате пред да донесете каква било одлука. Тогаш, можеби, ќе дознаете дека ридски трки се одржуваат и во еколошки многу посвесни држави како Италија, Австрија, Германија, Чешка, Словенија... Тие знаат дека со забранување на една трка не се постигнува еколошка рамнотежа во еден регион. За тоа е потребно многу повеќе работа и вложување. Пред се на сопствените капацитети.

http://www.autobild.com.mk/storija.php?id=269


Forever #1

Igor Savic - Gonza
04-22-2005 06:19 PM
Visit this users website Find all posts by this user Quote this message in a reply
Katz
Administrator
*******


Posts: 8,466
Group: Administrators
Joined: Sep 2003
Status: Offline
Reputation: 34
Post: #52
 

Dnevnik
АВТОМОБИЛИЗАМ - ДРЖАВНО ПРВЕНСТВО НА РИДСКИ ПАТЕКИ
На Водно фатија кривина

Возачот на Импегна, Мијалче Василевски, со тесна победа во најинтересната класа до 1150 кубни сантиметри (см3) ја отвори новата сезона од автомобилистичкиот шампионат на ридски патеки, што вчера се одржа на патеката на Водно, крај Скопје. На првата трка оваа сезона, по традиција највозбудливо беше кај популарните "југовци", иако станува збор за најслабата класа. Во оваа категорија, конкуренцијата со 13 натпреварувачи беше најбројна, а првопласираните тројца во вкупното време по двете возења ги делеа стотинки.

Победникот Василевски, патеката долга 3950 метри во висинска разлика од 230 метри, два пати успеа да ја мине за 5:04,57 минути. Второпласираниот Владимир Треневски од Свифт рејсинг го делеа само 58 стотинки од најдобриот, додека возачот на Скопје, Игор Стефановски, доцнеше 92 стотинки.

По многу натегања со градските служби, организаторите Импегна и АМСМ успеаја да ја одржат трката, но се уште е отворено прашањето дали преостанатите две трки од шампионатот, втората и шестата, кои требаше да се одржат на Водно, ќе останат на календарот за оваа сезона, бидејќи градските власти имаат намера да го запрат сообраќајот на оваа планина.

Над 5.000 гледачи можеа во акција да видат 30 учесници, распоредени во пет класи. Слабата бројка на возачи во посилните класи остана стар проблем, па така во преостанатите дивизии можеа да се видат тројца до четворица натпреварувачи.

Во класата до 1400 см3, група Н, актуелниот шампион Томислав Трајковски со победа ја почна одбраната на титулата. Возачот на Скопје со своето Пежо 106 на два пати имаше најдобро време од 5:03,22 минути. Зад него со дури 13 секунди задоцнување се пласира Миле Топузовски( Скопје, Пежо 106), а трет пристигна последниот возач Христаки Давитковски (Примо Рејсинг, ЈугоWink.

Во класата до 1600 см3, позната како Хоби, интересен беше дуелот помеѓу старите ривали Благоја Димитровски од Автоклиника и Слободан Трајковски од Прилепец. Трајковски со своето "југо 65" и во двете возења беше послаб од својот најголем конкурент Димитровски, чиј Голф 1 беше недофатлив за бранителот на титулата. Димитровски во конкуренција на сите 30 возачи имаше најдобро време на саботните тренинзи, а истото го потврди и вчера кога имаше подобро време и од "двеилјадарките" во севкупен пласман со 4:33,01 минути.

Најмоќни беа трките во најсилната класа, до 2000 см3. Тука неизвесна борба се водеше помеѓу Газменд Гаши, возачот од Косово, СЦГ, кој настапуваше за Импегна, и актуелниот шампион Блаже Јанакиевски од Макпетрол. Јанакиевски со хондата беше подобар за неколку стотинки во второто возење, но Гаши и неговиот "опел астра" беа подобри во првото за на крајот да ја однесат севкупната победа со неверојатни осум стотинки предност. Третопласиран беше Дејан Георгиевски, а последен беше Александар Димушевски.

Втората трка од Државното првенство треба повторно да се одржи на Водно, на 12 јуни, но тогаш натпреварот ќе биде далеку поинтересен, бидејќи ќе опфати уште три шампионати, се разбира ако се одржи. Градските власти во соработката со АМСМ најавија барање на алтернативни решенија. Треба да се одржат меѓународните трки во ФИА-Челинџ и Централноевропскиот шампионат и една трка од Државното првенство на соседот СЦГ.

Од врвот на АМСМ и од организаторот Примо Рејсинг ни потврдија дека оваа трка сепак ќе се одржи, и покрај притисоците од градот, бидејќи во спротивно, како што велат, ќе се изгуби меѓународното реноме на Сојузот и треба да се плаќаат големи казни.


Forever #1

Igor Savic - Gonza
05-04-2005 01:26 PM
Visit this users website Find all posts by this user Quote this message in a reply
Katz
Administrator
*******


Posts: 8,466
Group: Administrators
Joined: Sep 2003
Status: Offline
Reputation: 34
Post: #53
 

Vest

РИДСКО-БРЗИНСКИ ШАМПИОНАТ НА МАКЕДОНИЈА - ВОДНО 1 - 2005
Убедлива победа на Димитровски во класата Хоби


Благоја Димитровски од Автоклиника, беше најбрз во класата "Хоби" (до 1.600 кубни смWink на првата трка од ридско-брзинскиот шампионат на Македонија што се возеше на падините на Водно. Неговото вкупно време од двете возења изнесуваше 4:33.01 минути, дури 11 секунди побрзо од второпласираниот Слободан Трајковски од Прилепец. Трет целта ја мина Бериша Дрен од Импегна (4:46.19).
Во најинтересната класа, до 1150 кубни/см, во која возат популарните "југовци" прв со време од 5:04.57 минути беше Мијалче Василевски од Импегна, пред Владимир Треневски од Свифт Рејсинг (5:05.15) и Игор Стефановски од Скопје (5:05.49).
Во класата Н, до 1400 кубици, имаше само тројца натпреварувачи, па сите си земаа медали. Прв беше Томислав Трајковски од Скопје (5:03.22), пред неговиот клупски колега Миле Топузовски (5:16.83) и Христаки Давитковски од Примо Рејсинг (5:32.79).
Најбрзо време во класата до 2.000 кубици имаше Гаши Газменд од Импегна. Тој патеката ја мина за 4:39.31 минути, со што за само осум стотинки беше побрз од Блаже Јанакиевски од Макпетрол. Третото место со големо заостанување од 27 секунди го освои Дејан Георгиевски од Автоклиника.
Во најсилната класа над 2.000 кубици, завршија само двајцата возачи од АМК Скопје. Побрз со 4:17.76 минути, што беше и најбрзо време на вчерашнот натпревар беше Дака Ернест од Импегна, пред својот клупски колега Влатко Наковски.


Forever #1

Igor Savic - Gonza
05-04-2005 01:27 PM
Visit this users website Find all posts by this user Quote this message in a reply
Katz
Administrator
*******


Posts: 8,466
Group: Administrators
Joined: Sep 2003
Status: Offline
Reputation: 34
Post: #54
 

Vreme

Димитровски најбрз на Водно

Благоја Димитровски од Автоклиника победи во класата до 1.600 кубни см („Хоби“) на првата трка од ридско-брзинскиот шампионат на Македонија во автомобилизам, што се возеше на Водно. Тој беше за 11 секунди побрз од второпласираниот Слободан Трајковски од Прилепец и 13 секунди од третиот Бериша Дрен од Импегна.

Во најинтересната класа, до 1.150 см3, прв беше Мијалче Василевски од Импегна, пред Владимир Треневски од Свифт Рејсинг и Игор Стефановски од Скопје. Во класата Н, до 1400 кубици, имаше само тројца натпреварувачи, а прв беше Томислав Трајковски од Скопје, пред неговиот клупски колега Миле Топузовски и Христаки Давитковски од Примо Рејсинг.

Најбрз во класата до 2.000 кубици беше Гаши Газменд од Импегна. Осум стотинки заостана Блаже Јанакиевски од Макпетрол, а третото место го освои Дејан Георгиевски од Автоклиника.

Во најсилната класа, за повеќе од 2.000 кубици, прв беше Дака Ернест од Импегна, пред својот клупски колега Влатко Наковски.


Forever #1

Igor Savic - Gonza
05-04-2005 01:29 PM
Visit this users website Find all posts by this user Quote this message in a reply
Katz
Administrator
*******


Posts: 8,466
Group: Administrators
Joined: Sep 2003
Status: Offline
Reputation: 34
Post: #55
 

Utrinski vesnik

Старт на Шампионатот на Македонија во ридско-брзински трки на Водно
Гаши побрз од Јанакиевски во класата до 2000 ксм



Возачот на Импегна, Газменд Гаши, со своето возило “опел астрааи е победник во класата до 2000 кубни сантиметри во првата трка на Водно сезонава, со која е отворен годинашниот Шампионат на Македонија во автомобилизам во ридско-брзински натпревари. Гаши за само осум стотинки му го презеде приматот на досега неприкосновениот во оваа класа во Македонија, Блаже Јанакиевски од Макпетрол со “хондааи, победувајќи со вкупно време од 4:39,31 мин., иако во второто возење Јанакиевски беше побрз за 51 стотинка, извозувајќи ја патеката од хотелот “Олимписко селоои до Средно Водно за 2:19,29 мин. Третото место го освои Дејан Георгиевски од Автоклиника, кој со “опел кадетти оствари вкупно време од 4:56,49 мин.
Во класата со најголема конкуренција, до 1150 ксм, меѓу 12-те возачи што забележаа пласман триумфира Мијалче Василевски од Импегна, кој со своето “југо 555и во двете возења забележа време од 5:04,57 мин. Второто место го освои Владимир Треневски од Свифт Рејсинг со заостанување од 18 стотинки, а трет беше Игор Стефановски од тимот на Скопје, кој заостана 52 стотинки зад победникот.
Томислав Трајковски од Скопје со “пежо 1066и победи во класата до 1400 ксм со 5:03,22 мин., пред својот клупски колега Миле Топузовски со заостаток од повеќе од 13 секунди, а трет беше Христаки Давитковски од Примо Рејсинг, кој со “југоои заостана над 29 секунди.
Во конкуренција на петмина во класата “хобиии победи Благоја Димитровски од Автоклиника, кој со својот “фолксваген голффи забележа вкупно време од 4:33,01 мин. Втор е Слободан Трајковски од Прилепец со “југо 655и, побавен за повеќе од 11 секунди, а трет Бериша Дрен од Импегна со “хонда сивикки со точно 13 секунди послабо време од победникот.
Победата во најсилната класа (над 2000 ксмWink, во која настапија само двајца возачи, му припадна на Ернест Дака од Скопје, кој со БМВ постигна вкупно време од 4:17,76 мин., речиси 55 секунди подобро од тоа на клупскиот колега Влатко Наковски со “опел астрааи.
Следната трка од годинашниов шампионат, кој опфаќа шест натпревари, ќе се одржи на 12 јуни повторно на Водно.


Forever #1

Igor Savic - Gonza
05-04-2005 01:32 PM
Visit this users website Find all posts by this user Quote this message in a reply
Katz
Administrator
*******


Posts: 8,466
Group: Administrators
Joined: Sep 2003
Status: Offline
Reputation: 34
Post: #56
 

Forever #1

Igor Savic - Gonza
05-04-2005 01:35 PM
Visit this users website Find all posts by this user Quote this message in a reply
Katz
Administrator
*******


Posts: 8,466
Group: Administrators
Joined: Sep 2003
Status: Offline
Reputation: 34
Post: #57
 

Vcera naletav slucajno na noviot Auto plus i bev iznenaden pozitivno.
4 stranici izvestaj, 20tina sliki Very Happy , vkupni vreminja na site sto ja zavrsija trkata...

btw pameten poteg im em spustanjeto na cenata na 50 denari, baska godisna pretplata 480


Forever #1

Igor Savic - Gonza
05-18-2005 12:23 PM
Visit this users website Find all posts by this user Quote this message in a reply
Darko
Junior Member
**


Posts: 36
Group: Registered
Joined: Jan 2005
Status: Offline
Reputation: 0
Post: #58
 

I ja go razgledav deneska stvarno e dobar, za razlika od drugi broevi ovoj br. mnogu opsirno, sliki sve.Bravo

05-18-2005 12:26 PM
Find all posts by this user Quote this message in a reply
Katz
Administrator
*******


Posts: 8,466
Group: Administrators
Joined: Sep 2003
Status: Offline
Reputation: 34
Post: #59
 

Дневник 28.06.2005


Помладиот Димушевски ќе се обиде и во странство

Владимир Димушевски, член на тимот "Кастрол Примо рејсинг", по победата на трката на Водно, во групата до 2000 см3, ги објави плановите за настап на неколку меѓународни трки од ЦЕЗ (Централно европската зонаWink на ридски патеки. Тоа би биле првите официјални настапи на Владимир на меѓународна сцена, а лани возеше на Ловќен и двапати во Бугарија, но надвор од официјалната конкуренција, како гостин.

Димушевски, кој е син на попознатиот Александар, би се натпреварувал во група СП, бидејќи неговото возило ги задоволува строгите стандарди пропишани од ФИА, а во ЦЕЗ, бодувањето е според групите во кои возилото настапува, што му дава поголеми шанси на Димушевски за освојување нови поени.

Според правилата на ФИА, за да се обезбеди пласман на крајот од сезоната, потребно е настап на најмалку три трки од ЦЕЗ-првенството. Покрај оваа на Водно, Димушевски на 24 јули треба да вози на Игман, БиХ, а потоа и на Тара, СЦГ, на 21 август.

Помладиот Димушевски е особено задоволен што на Водно, со возилото "рено меган", успеа да го победи и Блаже Јанакиевски, кој лани "делеше лекции" со автомобилот "хонда тајп Р". Сезонава возачот на "Макпетрол" загуби уште на првата трка на Водно од Газменд Гаши.

Со новите 20 бода, освоени по победата во Група А на трката на Водно, Унгарецот Ласло Хернаги се искачи на првото место во генералниот пласман на ФИА Челинџ-купот. Хернаги има 55 бода, десет повеќе од Словакот Јарослав Крајчи, кој се натпреварува со болид "Лола Ф3000".

Следната трка се вози на Рогла, Словенија, овој викенд.


Forever #1

Igor Savic - Gonza
07-21-2005 08:17 AM
Visit this users website Find all posts by this user