Post Reply  Post Thread 
Pages (10): « First < Previous 3 4 5 6 [7] 8 9 10 Next > Last »
Sto se pisuva po vesnicite
Author Message
Katz
Administrator
*******


Posts: 8,706
Group: Administrators
Joined: Sep 2003
Status: Offline
Reputation: 35
Post: #61
 

АВТО - ПРВЕНСТВО НА РИДСКИ ПАТЕКИ

Стефановски и Јанакиевски на Пониква ги одбранија титулите


На една трка пред крај на првенството во автомобилизам на ридски патеки, Игор Стефановски (АМК СкопјеWink, во класата до 1.150 кубни сантиметри - група А, и Блаже Јанакиевски (МакпетролWink во класа до 2.000 кубни сантиметри - група СП и Н ги одбранија титулите. Стефановски беше второпласиран на трката на Пониква и со 44 бода е прв во класата, а Јанакиевски победи вторпат сезонава и има 36 бода.

Според пропозициите од шесте предвидени трки сезонава, најслабиот резултат ќе се елиминира, по што ќе се соберат бодовите и ќе се прогласат победниците. И покрај ваквото правило, Стефановски и Јанакиевски имаат доволно бодовна предност за да бидат шампиони. На трката имаше и двајца гости од Грција. Јоргос Балтунис со "форд ескорт" постави рекорд на патеката од 3,39,38 мин., а неговиот сонародник Василис Пападопулос беше победник во класата до 1.600 кубни сантиметри - група Хоби.

Најинтересно беше во класата до 1.400 кубни сантиметри - група Н, каде што второпласираниот Стево Костовски од "Импегна" по трката вложи протест на исправноста на возилото на победникот Томислав Трајковски, па деновиве ќе се отвора моторот на победникот за да се испита исправноста на вградените делови. Костовски сезонава победи на сите трки на кои настапи, а имаше подобро време и на двата саботни тренинга од 2,5 секунди и 5 секунди. Наместо предвидените 8.900 м колку што досега беше патеката, годинава е скратена на 6.500 метри.

Последната трка треба да се вози на 2 октомври на Водно.

Резултати, класа до 1150 см3 - група А; Владимир Треневски (СвифтWink 4,09,86 мин. Игор Стефановски (АМК СкопјеWink - 4,09,91, Никола Несторовски (ПрилепецWink - 4,11,66 мин.

Класа до 1.400 см3 - група Н: Томислав Трајковски (Пежо 106) 4,06,90 мин. Стево Костовски (ИмпегнаWink - 4,07,52, Миле Топузовски (АМК СкопјеWink 4,21,34.

Класа до 1.600 см3 - група Хоби: Благоја Димитровски (АвтоклиникаWink 3,42,90, Слободан Трајковски (ПрилепецWink - 4,07,99; Олга Стојанова (ПрилпецWink - 4,09,19 мин.

Класа до 2.000 см3 - група СП и Н: Блаже Јанакиевски (МакпетролWink 3,48,89 мин., Владимир Димушевски (Кастриол Примо РејсингWink - 3,53,54; Дејан Георгиевски (АвтоклиникаWink - 4,07,73 мин.

Dnevnik 30.08.2005


Forever #1

Igor Savic - Gonza
08-30-2005 09:43 AM
Visit this users website Find all posts by this user Quote this message in a reply
Katz
Administrator
*******


Posts: 8,706
Group: Administrators
Joined: Sep 2003
Status: Offline
Reputation: 35
Post: #62
 

Informacii vo vrska so proslavata na 100 godini avtomobilizam vo MKD i 60 godini AMSM.

Odime po red...


Forever #1

Igor Savic - Gonza
09-05-2005 08:47 PM
Visit this users website Find all posts by this user Quote this message in a reply
Katz
Administrator
*******


Posts: 8,706
Group: Administrators
Joined: Sep 2003
Status: Offline
Reputation: 35
Post: #63
 

VEST

Naslovnata



Code:
НЕСЛАВЕН КРАЈ НА ПРОМОЦИЈАТА НА ДРАГ ТРКАЊЕТО
Нервозна публика, прекината трка

Неславно заврши промовирањето на драгстер трките во Скопје и Македонија, кое се одржа во саботата по повод 100 години автомобилизам во РМ и 60 години од формирањето на Автомото сојузот на Македонија, организаторот на шоуто. Нервозната публика преминуваше преку патеката на улицата Бихаќка во скопската населба Ново Лисиче, па организаторот мораше, од безбедносни причини, да го прекине претставувањето на овој исклучително атрактивен спорт, кој и во Скопје собра повеќеилјаден народ.
По само 18 трки, во конкуренција на 40 возила, од кои 20 автомобили и 20 мотоцикли, организаторот се реши да ја прекине промоцијата, откако обезбедувањето и полицијата, која не беше особено бројна, не беа во состојба да ја смират публиката и да го оневозможат претрчувањето преку патеката, по која возилата се движеа и со брзина од над 200 км/ч. и можеше да доведе до вистинска катастрофа.
Претрчувањето на тркачките патеки се случува и во светот. Дури и во Формула 1, како на пример во Силеврстон пред две години, но како по правило, тоа се осамени инциденти на чудаци кои на себе сакаат да го свртат вниманието на јавноста. Во Скопје истрчуваа многумина, неразбирајќи дека го загрозуваат не само својот живот.
Прекинувањето на натпреварувањето предизвика револт кај дел од публиката. Заштитните огради беа искршени, заштитните мрежи искинати, а поединци, во знак на незадоволство, со клоци удираа по автомобилите паркирани во околината.


Forever #1

Igor Savic - Gonza
09-05-2005 08:49 PM
Visit this users website Find all posts by this user Quote this message in a reply
Katz
Administrator
*******


Posts: 8,706
Group: Administrators
Joined: Sep 2003
Status: Offline
Reputation: 35
Post: #64
 

Vo istiot vesnik



Code:
Крукче по Камени Мост

Скопје-Стар мерцедес го минува Камениот Мост во Скопје, по релито со олдтајмери што се одржа завчера во чест на стогодишнината од автомобилизмот во Македонија и 60 години од постоење на Автомото сојузот на Македонија. Релито со 100 олдтајмери почна од плоштадот Македонија, а заврши пред Музејот на Скопје.


Forever #1

Igor Savic - Gonza
09-05-2005 08:52 PM
Visit this users website Find all posts by this user Quote this message in a reply
Katz
Administrator
*******


Posts: 8,706
Group: Administrators
Joined: Sep 2003
Status: Offline
Reputation: 35
Post: #65
 

I tret pat Vest od ponedelnikot

Code:
ВРЕЛА НОЌ ВО ОХРИД
Европски моторџии лудуваа во “Арена”

Над 250 мотроџии од повеќе европски земји, запалени од познатата песна “Огнена улица” и танцот на гладијаторките од Белград, во петокот вечерта во охридскиот ноќен клуб “Арена”, направија незборавна фешта. Врелата атмосфера се вжешти уште повеќе кога во просторот за игра беа внесени и два мотори од типот “јамаха” и еден четвороцикл. На моќните моторцикли, од кои секој чини по околу 12.000 евра, нивните сопственици им даваа и одземаа гас според тактовите на музиката .
Вистински делириум настана кога “јамахите” ги јавнаа двете гладијаторки Милица и Уна, кои своите тела ги сокрија со моторџиски одела, а главите со заштитни кациги. Кога двете танчарки ги отфрлија заштитните одела, започнувајќи ја својата занесна игра, низ “Арена” потекоа многу литри пиво и шампањско. Од атмосферата, највџашени беа холандските моторџии, кои никако не можеа да сфатат дека вакви врели ноќи можат да се случуваат и во Македонија.



Forever #1

Igor Savic - Gonza
09-05-2005 08:55 PM
Visit this users website Find all posts by this user Quote this message in a reply
Katz
Administrator
*******


Posts: 8,706
Group: Administrators
Joined: Sep 2003
Status: Offline
Reputation: 35
Post: #66
 

VECER



Code:
Публиката ја расипа забавата "40 часа авто мото спорт"


Прекрасен викенд во организација на Автомото сојузот на Македонија, кој во чест на двата јубилеи, 60 години АМСМ и 100 години автомобилизам во државата, градот го анимираше со спектаклот наречен "48 часа авто мото спорт". Се почна во петокот, кога од плоштадот Македонија стартуваше атрактивното, традиционално 14. мото рели (Скопје-Охрид-Скопје), а (неславно) заврши квечерината во Ново Лисиче, на булеварот "Февруарски поход", во суператрактивните двобој трки на драгстер болидите.  Во меѓувреме, како ретко кога, беше навистина мерак да се биде присутен на плоштадот во центарот на градот, каде што во 11,00 часот стартуваше релито на олдтајмерите (60 автомобили и 40 мотоцикли). Во извонредна организација, музиката од педесеттите и шеесеттите години и даваше посебен шмек на парадата на најголемите мераклии за убави возила. Илјадниците насмеани лица и прекрасната атмосфера, потоа се пресели во Музејот на град Скопје, каде што беше отворена изложбата на олдтајмерите и беа доделени наградите за победниците по категории.  
Но, драгстер шоуто, кое како што и се очекуваше, предизвика најголем интерес кај многуилјадната публиката, само по пет-шест извозени двобои, мораше да биде прекинато од безбедносни причини. На овој чекор, организаторот, оправдано мораше да се реши, за да се избегнат можни несакани последици. А и тој веројатно беше затечен од толкавиот интерес за трката. Луѓето, како да не можеа да сфатат дека се работи за многу, многу опасна работа, која може да однесе и човечки живот, ако не се придржуваат кон нормите за културно следење на една трка. Не сфатија и затоа предизвикаа прекин.



Forever #1

Igor Savic - Gonza
09-05-2005 08:59 PM
Visit this users website Find all posts by this user Quote this message in a reply
Katz
Administrator
*******


Posts: 8,706
Group: Administrators
Joined: Sep 2003
Status: Offline
Reputation: 35
Post: #67
 

UTRINSKI VESNIK

Code:
РЕЛИ НА ОЛДТАЈМЕРИ
Осумдесет илјади скопјани дојдоа да ги следат "дракстер"-трките

"Дракстерри-трките планирани за попладневните часови во саботата на булеварот "Февруарски походди во населбата Ново Лисиче по повод 100-годишнината од автомобилизмот во Македонија и 60 години од формирањето на АМСМ се откажаа. Најголема причина за нивното неодржување е големата љубопитност на посетителите, кои сакајќи да бидат на местото на настанот, на крај предизвика контраефект. Интересирањето за трките беше неверојатно големо, се претпоставува дека имаше околу 80.000 посетители, имаше еднаква заинтересираност и кај младите и кај старите, а уште поголем куриозитет беше големото присуство на женската популација. Посетителите кои беа дојдени за уживање во брзината на колите, на крај, предизвика несакан ефект, по 18 трки во кои учествуваа 36 возила, поради честите излегувања на гледачите на патеката, организаторот одлучи да ги откаже трките поради опасноста некој од посетителите да излета на сред трка.
"Нашата главна цел беше да се промовира овој спорт, која и ја постигнавме. Невозможно беше толку голем број посетители да се контролираат, поради тоа е неопходно да се изгради патека со трибина, каде што посетителите ќе бидат одделени и нема да имаат можност да се симнуваат покрај патекатааи, истакна Благоја Петровски, член на тимот од АМСМ, кој ја организираше манифестацијата.    
Сепак, од утеха е фактот што утринската трка, поточно релито на олдтајмерите помина во најдобар ред. Трката на стари автомобили започна според предвидениот план од центарот на Скопје, точно во 11 часот. Учесниците во ова рели возеа по две специјални етапи, првата е гимкана (умешност), а втората е етапата на точност. Вкупната должина на трасата изнесуваше 29 километри, почнувајќи од плоштадот "Македонијааи, преку Камениот мост, по улица "Илинденскааи, па по булеварот "Партизански одредиии, а потоа возилата се упатија кон населбите Аеродром и Ново Лисиче, и повторно назат пред Музејот на град Скопје.
Учесниците во трката беа поделени во десет класи, од кои најдобрите беа наградени. Класите се формираа во зависност од годината кога е произведен автомобилот, а меѓу наградените беа: Митко Гишев со "опел олимпијааи од 1951, Јован Смојмирски со "ДКВ јуниорри од 1962, Зоран Секуловски со "мини морисси од 1975, Миле Дејанов со "БМВ 18022и од 1972, Благоја Петровски со "мерцедес 280ЦЦи од 1968, Мартин Христовски со "фолксваген бубааи од 1973, Мојсиј Милосавлевски со "застава 7500и, попознато кај нас како "фиќоои, од 1973, Дарко Гигов со "ситроен мехариии, Драги Петрушевски со "џип крајзерри и Владимир Зафировски со "опел рекордди од 1969. Покрај нив беа наградени и натпреварувачите кои возеа мотоцикли: Ване Шиндев со НСУ од 1943, Драшко Календарски со "БМВ Р60/66и од 1974, и во последната класа Ѓорѓи Досев со БМВ од 1954 година.
На свеченоста, одржана по истиот повод во петокот вечерта во хотелот "Холидеј инни, се обрати и премиерот Владо Бучковски. Тој во својот говор истакна дека му е навистина мило што е дел од ваков настан, и напомена дека вистинскиот напредок АМСМ го имал по осамостојувањето на републиката.
За сите оние што ја пропуштија манифестацијата организирана од АМСМ сў уште имаат можност да видат дел од олдтајмерите. Во Музејот на град Скопје се изложени стари автомобили и слика која ќе бидат поставени до 10 септември. За неа е предвиден целиот простор со кој располага музејот, а има дванаесетина стари автомобили и мотоцикли и 40-50 фотографии што ќе ја раскажуваат приказната за почетоците на автомобилизмот во Македонија.



Дел од изложените автомобили и мотоцикли во музејот на град Скопје


Forever #1

Igor Savic - Gonza
09-05-2005 09:15 PM
Visit this users website Find all posts by this user Quote this message in a reply
Katz
Administrator
*******


Posts: 8,706
Group: Administrators
Joined: Sep 2003
Status: Offline
Reputation: 35
Post: #68
 

NOVA MAKEDONIJA



Code:
По повод 60-годишното постоење на АМСМ Чопери и олд тајмери, атракција низ улиците  

Во саботата, градските улици беа претесни за многумина кои сакаа да ги погледнат старите авбтомобили и да ги пречекаат 180-те чопери, што учествуваа на 14 по ред Меѓународно мото рели “Македонија 2005”. На Мото релито, што се организираше по повод 60-годишното постоење на Авто мото сојузот на Македонија и 100-годишнината од првиот автомобил во нашата земја, моторџии од нашиот најпознат мото клуб “Изи рајдерс”, членови на клубовите “Архангел” од Србија и Црна Гора, “Биг брадерс” од Бугарија, како и моторџии од Грција и Швајцарија, во петокот стартувајќи од Плоштадот Македонија, со чоперите поминаа 350 километри, обиколија повеќе градови и преку Куманово, Свети Николе, Штип, Неготино, Кавадарци, Прилеп и Битола стигнаа до Охрид. Од овде, преку Струга, Дебар, Маврово, каде се одржа и брзинско натпреварување и беа доделени награди во шест категории, а потоа преку Гостивар и Тетово, моторџиите во саботата повторно се вратија во Скопје, каде го привлекоа вниманието на многумина, парадирајќи низ главните сообраќајници. Во рамки на оваа манифестација, во саботата низ градот продефилираа и повеќе олд тајмери, сите произведени пред 1975 година, што многуте присутни ги потсети на минатото, додека во Музејот на град Скопје, отворена беше и изложба со 50 фотографии на стари автомобили и 20 експонати на олд тајмери, која ќе може да се погледне до 10 септември. Одбележувањето и Меѓународното мото рели завршија со “драгстер” трката во населбата Лисиче, каде чопери во парови возеа на кратки стази.


Code:
Трициклот “Кристина“
вистинска атракција за скопјани

Меѓу 180 мотори, што беа паркирани на Плоштадот Македонија, вниманието на скопјани го сврте трициклот “Кристина“. Со гуми од “ферари“, и максимална брзина од 150 километри на час, “Кристина“ со сопствениците Милан и Дарко од Србија и Црна Гора, на мото релито учествува по трет пат. Моторот е рачна изработка од пред пет години, а на задниот дел има поставено вила, за која сопственикот Милан не сакаше да зборува од едноставна причина што таа нема никакво значење, туку е ставена за да го привлече вниманието


Forever #1

Igor Savic - Gonza
09-05-2005 09:20 PM
Visit this users website Find all posts by this user Quote this message in a reply
Katz
Administrator
*******


Posts: 8,706
Group: Administrators
Joined: Sep 2003
Status: Offline
Reputation: 35
Post: #69
 

Mozebi e staro, ama morav da postavam
http://217.16.70.245/?pBroj=876&stID=11223&pR=11

Tolku greski vo vaka kratok tekst... sekoja cest Rolling Eyes

Стратуваше државното првенство на кружни патеки
Победа на Примо Рејсинг тимот


Со вчерашната трка во Скопје, одржана на просторот меѓу деловните објекти на Скопскиот саем и МРТВ, стартуваше државниот шампионат во автомобилизам на кружни патеки.

Организатор на оваа ,како и на идните три трки се скопскиот Примо рејсинг тим и АМСМ.

На трката настапија вкупно 40 возачи од 15 клубови низ Македонија, кои се натпреваруваа во четири категории и тоа: до 1.150, до 1.400, до 1.650 и над 2.000 кубици. Победници на првата кружна трка , по класи се:

Во класата до 1.150 кубици - прво место Никола Настовски од АМК Прилепец, втор е Мијалче Василевски од АМК Импегна и трет Дејан Стефовски од АМК Скопје;

Во класата до 1.400 кубици - прво место Антонио Скендеровски од АМк Примо, втор е Роберт Блажевски од АМК Примо и трет Стево Костовски од АМК Импегна;

Во класата до 1.650 кубици - прво место Блаже Јанковски од АМК Макпетрол, втор Тихо Мрчевски од истиот клуб и трет Благоја Димотровски од Ауто Клиника;

Во класата до 2.000 кубици - прво место Александар Димушевски од АМК Примо, втор е Иван Димитриевски од Авто Клиника и трет Серафимов, гостин од Р.Бугарија.

Клупски победник на трката е АМК Примо, втори се АМК Макпетрол а трети АМК Прилепец.


Forever #1

Igor Savic - Gonza
09-29-2005 08:10 PM
Visit this users website Find all posts by this user Quote this message in a reply
MJanosh
Senior Member
****


Posts: 932
Group: Registered
Joined: Apr 2005
Status: Offline
Reputation: 6
Post: #70
 

Very Happy Very Happy Very Happy Very Happy Very Happy

E ne se normalni... hahaha
Katz! .. batka, kaj gi lovis kaj gi kopas ovie Smile Smile Smile


I'L BEAT YA IN REVERSE!!! :)
09-29-2005 09:23 PM
Visit this users website Find all posts by this user Quote this message in a reply
Pages (10): « First < Previous 3 4 5 6 [7] 8 9 10 Next > Last »
Post Reply  Post Thread  DODAJ SLIKU

Possibly Related Threads...
Thread: Author Replies: Views: Last Post