|
Sto se pisuva po vesnicite
|
| Author |
Message |
Katz
Administrator
      
Posts: 8,452
Group: Administrators
Joined: Sep 2003
Status:
Offline
Reputation: 34
|
Vest 30.09.2005
Samo izvadoci, citiram...
"Trkata Vodno 3 e vo organizacija na AMK Artmotosport od Skopje"
....
"Pocetokot na nastanot, koj sekogas privlekuva mnogu publika, e zakazan za utre vo devet casot, koga ke se odrzi prviot trening, a oficijalniot ke startuva vo 13 casot"
....
Vazno naslovot e "Vodno tretpat godinava ke zgrmi", a ima vo tekstot i deka "ke zbrcat pogolem broj trkacki vozila".
Forever #1
Igor Savic - Gonza
|
|
| 09-30-2005 12:10 AM |
|
|
SHAKY
Posting Freak
    
Posts: 1,009
Group: Registered
Joined: Jan 2004
Status:
Offline
Reputation: 3
|
Едноставно не е вредно за коментар...
My life is on tarmac, I live with the smell of petrol and burned rubber...
|
|
| 09-30-2005 07:02 AM |
|
 |
Katz
Administrator
      
Posts: 8,452
Group: Administrators
Joined: Sep 2003
Status:
Offline
Reputation: 34
|
Denesen Vest
АВТОМОБИЛИЗАМ - ВТОРА КРУЖНА ТРКА ОД ДРЖАВНОТО ПРВЕНСТВО
Василевски по тешка борба до првото место
Мијалче Василевски од Импегна го освои првото место меѓу "југовците" (Класа 1, до 1.150 кубици на втората трка од државниот шампионат во автомобилизам на кружни патеки, која се возеше на патеката пред МРТВ во Скопје, а истовремено се бодуваше и за кружното првенство на ФИА за Централно европската зона. Патеката во должина од 2.050 метри Василевски ја извозе за 27:05.396 минути, но интересно е тоа што во 12 круг, тој падна дури на четвртото место, за веќе во следниот да ги мине второпласираниот Игор Стефановски (+3.549 секунди и третопласираниот Виктор Давидовски (+6.590) од Скопје. Потоа до крајот ја задржа првата позиција. Во текот на сите 20 круга, овие тројца возачи постојано се претекнуваа и ја направија оваа трка далеку поинтересна од втората, во која возеа далеку помоќните возила.
Тука најбрз беше Бугаринот Димитар Такев со својот Форд. Тој си беше класа сама за себе, бидејќи беше единствениот со возило од над 2.000 кубици. Патеката ја извозе за 26:04.484 минути, остварувајќи го и најбрзиот круг на трката од 1:14.876 минути. Веднаш зад него беше нашиот возач Блаже Јанакиевски од Макпетрол, кој со тоа ја освои првата позиција во Класата 4 (до 2.000 кубици . Втор во оваа класа беше Мојсие Милосавлевски од Скопје, пред Дејан Георгиевски од Автоклиника.
Јован Рогулин од СиЦГ беше најбрз во Класата 2 (до 1.400 кубици со време од 27:17.660 минути. Како втор заврши Томислав Трајковски од Скопје, пред Владимир Димушевски од Кастрол Примо, кој целта ја мина како трет.
Во конкуренција на возила со моќност до 1.600 кубици (класа 3), првото место му припадна на Благоја Димитровски од Автоклиника (26:49.951). Тој зад себе ги остави Ахмет Орхан од Уно Рејсинг и Атанас Петрушевски од Автоклиника.
Оваа трка беше последна од првенството на ЦЕЗ, но бидејќи не решаваше ништо во генералниот пласман гостуваа само тројца возачи од странство - еден од СиЦГ и двајца од Бугарија.
Forever #1
Igor Savic - Gonza
|
|
| 10-10-2005 06:04 PM |
|
 |
Katz
Administrator
      
Posts: 8,452
Group: Administrators
Joined: Sep 2003
Status:
Offline
Reputation: 34
|
Dnevnik
АВТОПРВЕНСТВО КРУЖНИ ПАТЕКИ
Бугаринот Такев најбрз во Скопје

Одзивот на гледачите не беше
според очекувањата на вчерашната
трка во Скопје
Бугарскиот возач Димитар Такев го освои првото место во втората дивизија на трката на кружни патеки, што требаше да се бодува и за Централноевропското првенство (ЦЕЗ а се возеше на патеката кај МРТ и Скопски саем. Тој во класата над 2.000 кубни сантиметри го преслуша и Блаже Јанакиевски, единствениот што беше достоен за противник, но беше и со послаб автомобил кој се натпреварува во класа до 2.000 кубни сантиметри.
Бугаринот Такев заедно со Јован Рогулин од СЦГ, беа единствените учесници во последната трка од ЦЕЗ. Најавените возачи од Словенија, Словачка и БиХ, меѓу кои и еден со австриска лиценца не пристигнаа.
Возачот на Макпетрол, Јанакиевски вторпат оваа сезона победува во неговата класа. Поради помал број пријавени возила натпреварувачите беа поделени во две дивизии. Такев во првите три круга успеа од претпоследното 18.место да се пробие на третата позиција. Два круга го мина и Благоја Димитровски. По половина трка Такев реши да нападне и го доби возбудливиот дуел кој траеше половина круг. Потоа без грешка возеше осамен до крајот на трката.
Во класата на Јанакиевски второто место му припадна на Мојсие Милосавлевски од "Скопје". Дејан Георгиевски од "Автоклиника" заврши како третопласиран. Во класата до 1600 по втор пат победува шампионот Димитровски. Зад него се пласираа Ахмет Орхан од Уно Рејсинг и Атанас Петрушевски од Автоклиника. Во класата до 1400 см3 (група Н најбрз беше Рогулин со "пежо 106", но возачот од СЦГ возеше за бодови во ЦЕЗ. Од домашното првенство прв целта ја мина шампионот и победник од првата трка Томислав Трајковски, пред Владимир Димушевски и Христаки Давитковски.
Легендата на македонскиот автоспорт, Александар Димушевски, не возеше со новата "алфа 155" туку извозе само еден промотивен круг.
Во првата дивизија возеа 10 "југовци" во класата до 1.150 см3, каде што убедлив победник беше Мијалче Василевски од Импегна. Тој уште во 4 круг му го презеде водството на Игор Стефановски, кој стартуваше од пол-позиција, и од тогаш никој не можеше да му ја загрози победата. До крајот остануваат уште две трки, а следната е веќе во недела на истата патека во Скопје.
Forever #1
Igor Savic - Gonza
|
|
| 10-10-2005 06:07 PM |
|
 |
Katz
Administrator
      
Posts: 8,452
Group: Administrators
Joined: Sep 2003
Status:
Offline
Reputation: 34
|
Utrinski vesnik
Само тројца странци на финалето од Шампионатот на ЦЕЗ во автомобилизам на кружни патеки во Скопје
Бугаринот Такев со најдобро време
Победници по класи: Василевски (1.150 ксм , Рогулин од СЦГ (1.400 ксм , Димитровски (1.600 ксм , Јанакиевски (до 2.000 ксм и Такев од Бугарија (над 2.000 ксм

Димитар Такев со својот \"форд ескорт\"
беше најбрз на патеката кај МРТВ
Бугарскиот автомобилист Димитар Такев го оствари најдоброто време во последната трка од годинашниов Шампионат на Централноевропската зона на ФИА во Скопје, која привлече само тројца возачи од странство. Такев, како единствен натпреварувач во класата над 2.000 кубни сантиметри, дваесетте круга на патеката од Судска палата до Скопски саем, долга 2,05 км, со својот „форд ексорт" ги помина за 26:04,484 мин.
Јован Рогулин од Србија и Црна Гора со „пежо 106" победи во класата до 1.400 ксм со вкупно време од 27:17,660 мин. Второпласираниот Томислав Трајковски од Скопје е, всушност, прв во оваа класа во трката што воедно се бодуваше и за Шампионатот на Македонија. Зад него заврши Владимир Димушевски од Кастрол Примо рејсинг, кој исто така заостана еден круг, а по него низ целта помина неговиот клупски колега Христаки Давитковски, кој заостана три круга.
Третиот странец Иван Кожарски од Бугарија со својата „лада" беше четврти, односно последен, во класата до 1.600 ксм, во која победи Благоја Димитровски од Автоклиника со време од 26:49,951 мин. Второто место со еден круг заостанување го освои Ахмет Орхан од Уно рејсинг, а 12,95 сек. послабо време од него забележа третопласираниот Атанас Петрушевски од Автоклиника.
Блаже Јанакиевски од Макпетрол одново беше недопирлив во класата до 2.000 ксм, победувајќи со време од 26:12,212 мин., пред Мојсие Милосавлевски од Скопје и Дејан Георгиевски од Автоклиника.
Во најслабата класа, до 1.150 ксм, во конкуренција на десет возила што ја завршија трката победи Мијалче Василевски од Импегна со 27:05,396 мин. Втор беше Игор Стефановски од Скопје со заостаток од 3,5 секунди, а третото место му припадна на неговиот тимски колега Виктор Давидовски, кој заостана 6,5 секунди.
Александар Димушевски немаше среќа со својата нова „алфа" ни во втората трка сезонава. По пробниот круг, таа му откажа при заземањето на стартната позиција.
Од годинашниот државен шампионат преостануваат уште трките на 16 октомври и две недели подоцна исто така во Скопје.
Forever #1
Igor Savic - Gonza
|
|
| 10-10-2005 06:10 PM |
|
 |
Katz
Administrator
      
Posts: 8,452
Group: Administrators
Joined: Sep 2003
Status:
Offline
Reputation: 34
|
Vreme
Втори победи за Јанакиевски и за Димитровски
Блаже Јанакиевски од Макпетрол („хонда сивик тајп Р“) во најсилната класа до 2.000 ццм (СП и Н и Благоја Димитровски од Автоклиника („голф“) во класата хоби до 1.600 ццм ги остварија и вторите победи во македонскиот шампионат во кружни патеки, по вчерашната втора од четирите предвидени трки сезонава.
На патеката кај МРТВ, Јанакиевски во конкуренција на три возила во класата до 2.000 ццм триумфира со еден круг предност пред Мојсие Милосавлевски (АМК Скопје и Дејан Георгиевски (Автоклиника . Димитровски, пак, во класата хоби, исто како и Јанакиевски триумфира со еден круг предност во однос на вториот Ахмет Орхан, а трет беше Атанас Петрушевски (Автоклиника .
Вообичаено, највозбудливо беше во најслабата класа, кај „југовците“ (1.150 ццм , каде што Мијалче Василевски (Импегна триумфира со 3,5 секунди предност пред актуелниот шампион Игор Стефановски и со 6,9 секунди пред Виктор Давидовски, двајцата од АМК Скопје. Победникот на претходната трка Никола Несторовски од Прилепец заврши на седмото место, со заостанување од еден круг во однос на победникот Василевски.
Во класата до 1.400 ццм (класа Н најдобар беше гостинот од СЦГ Јован Рогулин, пред Томислав Трајковски (Скопје , кој заостана еден круг, и Владимир Димушевски (Примо рејсинг . Единствениот натпреварувач во класата над 2.000 ццм (Класа Н и А беше Бугаринот Димитар Такев (МТ Рејсинг , кој и најбрзо ја извозе патеката, возејќи еден круг за 1:14,876 со просечна брзина од 94,3 километри на час.
Forever #1
Igor Savic - Gonza
|
|
| 10-10-2005 06:11 PM |
|
|
Katz
Administrator
      
Posts: 8,452
Group: Administrators
Joined: Sep 2003
Status:
Offline
Reputation: 34
|
RE: Sto se pisuva po vesnicite
ЗА НОВАТА СЕЗОНА во автомобилизам
Странците ќе возат само како гости
Без регулиран престој во Македонија и привремена лична карта за странци, натпреварувачите ќе возат надвор од конкуренција
Македонските автоклубови што ќе сакаат за нив да возат странски возачи, ќе мора да го регулираат престојот на своите членови за да може да се натпреваруваат на ридските и кружни трки. Ова е одлука на Спортската комисија на АМСМ, според која годинава првенството на Македонија во автомобилизам нема да биде од отворен карактер.
Тоа значи дека странските возачи што ќе се натпреваруваат ќе бидат надвор од конкуренција. Тие ќе може да возат, но нивните резултати нема да се бодуваат за Државното првенство на Македонија. Лани имаше неколку „странци“ што возеа за домашни екипи, како Бугарката Олга Стојанова и Косовците Дрен Бериша, Шкљзен Лајчи, Газменд Гаши и Ернест Дака.
За да може странците да бидат „домашни“, ќе мора нивните клубови да го регулираат престојот во земјава и тие да имаат пријавено престојувалиште и важечки документ за идентификација, согласно со законските акти.
Меѓу новините, годинава е воведена нова класа, до 2000 см3 - хоби, што според техничката комисија на АМСМ би требало да придонесе да се зголеми квалитетот и масовноста на овој спорт. Во иднина ќе се возат шест класи, до 1150 см3 - група А, до 1400 см3 - група Н, до 1600 см3 - група хоби, до 2000 см3 - група Н и СП, до 2000см3 - група хоби и над 2000см3.
Новата класа, до 2000см3 - група хоби, бара возилата што ќе се пријават да имаат поминато на хомологација. Дозволени се поголеми преправки на моторите и каросеријата, но според ФИА-стандардите за хоби-класите. За да се добијат бодови, потребно е да има најмалку тројца натпреварувачи во секоја класа.
Од ланските шампиони по класи, само Стево Костовски го смени клубот и од Импегна се префрли во Прилепец. Клупски колеги ќе му бидат Крсте Трајковски, Никола Несторовски и Слободан Трајковски. Костовски го купи возилото „пежо 107“, со кое се тркаше и ќе настапува на кружните и ридски трки. Неговиот поранешен клуб, Импегна, нема пријавено ниту еден возач, иако лани имаа шестмина.
Малкумина возачи направија трансфер. Нов клуб што пријави возачи е „Сити“, со лиценца само за домашен шампионат. По пауза од една година, возачи пријавија и Топ-спорт, Уно рејсинг тим, Нуволари и Лопен. Само два тима се надвор од Скопје, и тоа Лопен од Кочани и Припелец од Прилеп, иако кај прилепчани сите возачи се од Скопје. Тие доминираат и во сите други клубови, па според досега пријавените возачи за лиценцирање, Билјарски е од Берово, Доневски од Куманово, а Цивкароски од Битола.
Со цел да се зголеми квалитетот, да се провери колку се нашите возачи конкурентни во странство и да се збогати соработката со соседите, направена е „смена“ на трки со Бугарија и СЦГ. Две ридски трки од првенството на Македонија ќе се возат во Ќустендил, Бугарија и Врњачка Бања, СЦГ, и уште една кружна, во Софија. Реципроцитетот е што ридската трка на Водно во мај ќе се бодува за првенствата на СЦГ и Бугарија. Според македонскиот календар, планирано е да се возат вкупно 10 трки, четири на кружни патеки и шест на ридски.
Лани првпат имаше возење на трка во странство што се бодуваше за македонското првенство, онаа на Тара. За следните сезони се најавуваа и други трки што ќе влезат во календарите на соседските земји.
Сезоната почнува на 14 мај со ридска трка на Водно (се бодува за ФИА Челинџ и ЦЕЗ ), 4 јуни - Водно 2 (ридска ), 11 јуни - Кичево (кружна ), 2 јули - Крушево (ридска ), 16 јули - Кичево 2 (кружна ), 23 јули - Ќустендил (ридска ), 13 август - Врњачка Бања (ридска ), 27 август - Пониква (ридска ), 15 октомври - Скопје (кружна - ЦЕЗ ), 29 октомври - Софија (кружна ). (Г.А.)
Dnevnik 21.4.2006
Forever #1
Igor Savic - Gonza
|
|
| 04-23-2006 09:12 PM |
|
 |
Katz
Administrator
      
Posts: 8,452
Group: Administrators
Joined: Sep 2003
Status:
Offline
Reputation: 34
|
RE: Sto se pisuva po vesnicite
MK Sport
АВТОМОБИЛИЗАМ
СО "ГОЛЕМАТА НАГРАДА НА СКОПЈЕ" ВЧЕРА НА ВОДНО СЕ ОТВОРИ НОВАТА НАТПРЕВАРУВАЧКА СЕЗОНА
Хернади со втор триумф на Водно
Со вчерашната ридско - брзинска трка на Водно која ја следеа преку 20000 гледачи се отвори новата натпреварувачка сезона во автомобилизам, овој пат во организација на АМК "Кастрол Примо рејсинг" тимот и АМСМ која мина во најдобар ред. Воедно ова беше втор натпревар по ред од календарот на ФИА Челинџ шампионатот кој се бодуваше за седум шампионати (три со предзнакот на ФИА и четири за националните шампионати на Македонија, СЦГ, БиХ, Бугарија .
Имено, во конкуренција на седумдесетина натпреварувачи поделени во неколку класи во генерален палсман триумфираше минатогодишниот победник Унгарецот Ласло Хернади со своето БМВ М3 кој патеката долга 3800 м ја мина со вкупно време од 4:27,58 мин што е побрзо од лани (4:29,46 мин , пред Ж. Бркиќ (СЦГ, Хонда Интегра, -2000 ццм3) со време од 4:31,47 мин, и пред Г.Балдоунис (Грција, Форд Ескорт Хоби, -2000 ццм3) на кого му беа потребни 4:32,43 мин. Најдобропасиран наш натпреварувач е Блаже Јанакиевски на 4. место (Макпетрол, -2000 ццм3, Хонмда Сивик кој има резултат од 4:36,67 мин, што е одлично време.
Во натпреварите кои се бодуваа за ФИА Челинџот во групата "Н" на победничкиот пиедестал се качија Б. Јанакиевски како прв, А. Врпчик (БиХ, -2000 ццм3, Хонда Сивик кој извозе доволно само за второто место (4:37,36 мин и Д. Булатовиќ (СЦГ,-1400 ццм3, Пежо 106, 4:53,43 мин .
Во групатра "А" триумфираше кој друг ако не Л. Хернади (Унг, 4:27,58 мин , втор беше С. Хавенетидис (Грц, Цитроен Саксо, -1600 ццм3, 4:44,14 ми и М. Каракасидис (Грц, Тојота Јарис -1400 ццм3, 4:50,16 мин . Во овие две класи од нашите надобри беа во "Н" - С. Костовски (Прилепец, Пежо 106, -1400 ццм3, 4:59,51 мин на 5. место и во "А" - В. Давидовски (Прилепец, Југо, -1400 ццм3, 5:04,38 ми кој го освои 4. место.
А, пак, најдобар пласман во ЦЕЗ по групи обезбедија Б. Јанакиевски (МК , А. Врпчиќ (БиХ и Д. Булатовиќ (СЦГ во групата "Н", Л. Хернади (Унг , Б. Селемба (СЦГ и В. Давидовски (Мкд во "А", Ж. Баничевиќ (СЦГ , Б. Миљевиќ (БиХ и Д. Георгиевски (Мкд во "СП" и С. Трајковски (Мкд , Б. Димитровски (Мкд и М. Суботиќ (СЦГ во групата "Е1".
Наградата "Трофеј на Водно" отиде во рацете на првопласираниот Ј. Баудунис (Грц , второпласираниот С. Трајковски (Мкд и треторангираниот В. Николов (Буг .
Што се однесува до пласманот од домашниот шампионат постигнат на првата ридско - брзинска трка, вчера на Водно, тој е очекува. Во првата калсата победи И. Стефановски (Скопје, Југо -1400 ццм3, 5:02,22 мин , во класата два триумфираше С. Костовски (Прилепец, Пежо 106 - 1400 ццм3, 4:59,51 мин , класа три С. Трајковски (Прилепец, Југо - 1600 ццм3, 4:39,61 мин , кл. 4 - А. Георгиевски (Коне Спорт, Цитроен -2000 ццм3, 5:04,58 мин , и во кл. 5 - Б. Јанакиевски (МП, Хонда - -2000 ццм3, 4:36,67 мин .
Во генерален пламан меѓу домашните возачи трофеите им припаднаа на Б. Јанакиевски (МП - Скопје , С. Трајковски (Прилепец - Прилеп и Б. Димитровски (Автоклиника - Скопје . Екипно првото место го освои АМК Прилепец - Прилеп, пред Автоклиника - Скопје и Коне Спорт - Скопје.
Forever #1
Igor Savic - Gonza
|
|
| 05-15-2006 01:41 PM |
|
 |
Katz
Administrator
      
Posts: 8,452
Group: Administrators
Joined: Sep 2003
Status:
Offline
Reputation: 34
|
RE: Sto se pisuva po vesnicite
Eve eden interesen text od vcerasen Vecer:
ТРАНСФОРМАЦИЈА НА МАКЕДОНСКИОТ АВТОМОТО СПОРТ
Нови федерации за поразвиен спорт
АМСМ останува член на меѓународните федерации како ФИА и ФИМ
Новата 2008 | |